НОВО Спам и реклами на Редми 3

Дискусија во форумот 'Redmi 3 / Pro' започната од tomi_z, 18 фев 2017.

  1. tomi_z

    tomi_z New Member

    Член од:
    17 фев 2017
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    7
    Телефон:
    redmi 3
    Здраво народе,

    Тазе сум на форумов, дојден за помош. Имено, на жена ми во септември и земав Редми 3. Телефончето е успер, батерија трае 2 дена, два сима итн... Го бендиса ептен.

    Е арно ама, уште вториот ден почнаа несакани реклами преку цел екран да и се појавуваат. Немаше инсталирано ниедна апликација освен вибер до тогаш. Па верувам дека телефонов дојде со таков РОМ полн со spyware. Гледам има и некои апликации кои не можат да се анинсталираат, со сомнителни имиња, или дупликати на легитимни Гугл апликации со слично име. И мислам дека еден launcher, APUS, ги прикажува рекламите.

    Помош, совет? РОМот не е .еу, туку глобален.
     
    #1
  2. kirev

    kirev Member

    Член од:
    14 окт 2014
    Мислења:
    34
    Допаѓања:
    28
    Ромот е никаков. Почни со отклучување на бутлоадерот
     
    #2
    На Dande му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dr.MTR

    Dr.MTR Moderator
    Staff Member

    Член од:
    18 јун 2016
    Мислења:
    205
    Допаѓања:
    153
    Телефон:
    Mi5S
    Верзија:
    7.6.8 EU
    Така е кога купувате телефони со неофицијален софтвер.. Како што ти кажаа почни со отклучување на бутлоадерот овде и потоа флешни си европски софтвер.
     
    #3
  4. tomi_z

    tomi_z New Member

    Член од:
    17 фев 2017
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    7
    Телефон:
    redmi 3
    Друже, од кај да знам телефонот дали има официјален или неофицијален софтвер?! Одиш во продавница, го бендисуваш и го плаќаш. Тоа што само по себе Андроид е максимално фрагментиран и има катаљон верзии е еден проблем, ама и кинезиве со своите ем верзии, ем „официјални/неофицијални“ е сосема друг.

    Сега уште се прашувам, дали и телефонот е ОК, или е само добра копија на Редми3??
     
    #4
  5. Dr.MTR

    Dr.MTR Moderator
    Staff Member

    Член од:
    18 јун 2016
    Мислења:
    205
    Допаѓања:
    153
    Телефон:
    Mi5S
    Верзија:
    7.6.8 EU
    Дај скрин од абоут делот. Од каде е купен ? Ако е од МК, е оригинал со фалц софтвер.

    Во македонија само Хај стор ги набавува од официјални магацини на хајоми во кина, и како такви доаѓаат со оригинален кинески стејбл/девелопер. Кај другиве продавници или доаѓа со фалц ром, или ако имаш среќа, и во анхоч и сет може ке налеташ на глобал ром, ама тоа е цреќа.
     
    #5
  6. tomi_z

    tomi_z New Member

    Член од:
    17 фев 2017
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    7
    Телефон:
    redmi 3
    Од Сет. И им се жалев, ми препраќаа кај овластен сервисер да го средел :D

    И чек оф-топик: сеа хајоми е или шаоми??
     
    #6
    На Admin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dr.MTR

    Dr.MTR Moderator
    Staff Member

    Член од:
    18 јун 2016
    Мислења:
    205
    Допаѓања:
    153
    Телефон:
    Mi5S
    Верзија:
    7.6.8 EU
    Ако гледаш реклама од Сет и Ксаоми станува, така да како и да го викаш сеедно е. :)
    Која фирма е овластениот сервисер, што те препраќаа Сет?
     
    #7
  8. tomi_z

    tomi_z New Member

    Член од:
    17 фев 2017
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    7
    Телефон:
    redmi 3
    Еве го:
    redmi3.jpg
     
    #8
  9. kirev

    kirev Member

    Член од:
    14 окт 2014
    Мислења:
    34
    Допаѓања:
    28
    Тој е. Прво анлок. Или ако имаш душа, префрли го на кинески девелопер. Или плати си во Хај да те спастрат.
     
    #9
    На Admin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dandaranda

    dandaranda New Member

    Член од:
    21 фев 2017
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Телефон:
    redmi 3s
    здраво кирев,
    дали може мислење за мојот ром.
    дали може и објаснувањњ што значи користење на ваков ром и префрлување на друг.

    томи-з рекламите ги решив со фактори ресет, среќа ми се појавија уште првите денови. посчњ фактори ресер два месеци со сега немам проблем
     

    Прикачени податотеки:

    #10
  11. Dr.MTR

    Dr.MTR Moderator
    Staff Member

    Член од:
    18 јун 2016
    Мислења:
    205
    Допаѓања:
    153
    Телефон:
    Mi5S
    Верзија:
    7.6.8 EU
    Кинески стејбл, последна верзија. Ти прави некаков проблем? Речиси исти се со европскиот, со тоа што исфрлени се кинески спам апликации, и разноразни џанк апликации.
     
    #11
  12. dandaranda

    dandaranda New Member

    Член од:
    21 фев 2017
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Телефон:
    redmi 3s
    Фала Dr.MTR, проблем немам нешто големо, единствено ме чуди што имам апликација security во која има дел Cleaner и кога ке пробам да ја вклучам вика app is not installed, исто така ја нема мојата верзија на ромот како официјална верзија за овие телефони.
    Те молам за препорака ако не ти е проблем како да видам дали е проблематична верзија, дали да ја менувам со европска. Инаку мојот телефон ги имаше Google apps инсталирано фабрички (play store, gmail....) и како што прочитав тоа било знак дека не е официјална верзија.
     
    #12
  13. Dr.MTR

    Dr.MTR Moderator
    Staff Member

    Член од:
    18 јун 2016
    Мислења:
    205
    Допаѓања:
    153
    Телефон:
    Mi5S
    Верзија:
    7.6.8 EU
    Кинескиот софвер нема гугл сервиси, како што знаеш. Затоа има и Глобален софтвер со вклучени Гугл сервиси. Твојот најверојатно е некоја таква кинеска самоделка со интегрирани гугл сервиси, но и малиционзи апликации. Имаш на форумов како да префлешуваш Европски софтвер, или пак ако постапката ти се гледа премногу сложена, контактирај ги Хај вршат промена на европски софтвер за одредена парична надокнада, ако телефонот не е купен од кај нив, како во твојот случај.
     
    #13
    На Admin му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Admin

    Admin Founder
    Staff Member

    Член од:
    18 окт 2014
    Мислења:
    1.822
    Допаѓања:
    1.156
    Телефон:
    Mi 5
    Верзија:
    Alpha 8
    Убаво ти рекле :)
    Ајде смени на Македонски јазик ако можеш на телефонот, оди во About -> Придонесувачи и пушти еден скрин шот..
     
    #14
    На mnikolce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tomi_z

    tomi_z New Member

    Член од:
    17 фев 2017
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    7
    Телефон:
    redmi 3
    Малце доцнам, ама тешко е да и го земам телефонот кога сакам.

    Интересно, само Хај фигурира тука :)

    com.android.settings.png
     
    #15
    На Admin му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Admin

    Admin Founder
    Staff Member

    Член од:
    18 окт 2014
    Мислења:
    1.822
    Допаѓања:
    1.156
    Телефон:
    Mi 5
    Верзија:
    Alpha 8
    :):) ете затоа..
    Има тука туторијали напишани и за него а и за сите други како да се преинсталира. Ѕирни и пробај, а ако не, во Hi Store ќе се среди ако го однесеш.
     
    #16

Сподели преку: