SUPPORT Општи технички прашања, проблеми и мислења

Дискусија во форумот 'Mi 6' започната од Pesovski, 8 јун 2017.

  1. Pesovski

    Pesovski New Member

    Член од:
    8 јун 2017
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    2
    Телефон:
    Xiaomi Mi5
    Здраво. Минатата недела купив МИ6 по едногодишно користење на МИ5. За подигање на пакетот, меѓу другото го добив и ова во емаил:
    "Како инфомрација плус врска уредот и софтверот (да не се прави Factory Reset) и користењето Viber (да не се апдејтира) кои се веќе инсталирани, по предходно креиран Mi Account треба да поднесете барање за отклучување на en.miui.com/unlock (повеќе инфо на форумот за подршка miui.mk ) и откако ќе добиете одобрение потребно е да го донесете кај нас за да се преинсталира."

    Во неделата аплицирав за unlock но уште немам ништо добиено како одговор. Имено, сега ме интересира што би добил со преинсталација? МИ5 го нарачав онлајн, му немам правено ништо и функционира совршено досега. МИ6ката го користам цела недела до денес и тој ми функционира одлично, не гледам никакви недостатоци. Ве молам пишете ми зошто ми е потребна преинсталација и/или што би се случило ако не ја направам.
     
    #1
  2. Admin

    Admin Founder
    Staff Member

    Член од:
    18 окт 2014
    Мислења:
    1.826
    Допаѓања:
    1.156
    Телефон:
    Mi 5
    Верзија:
    Alpha 8
    Здраво и добредојде, одличен избор :)
    Затоа што е многу нов апарат, со последната верзија на Андоид и МИУИ на него, сеуште мора да оди со оригинална кинеска верзија на МИУИ. Тоа е затоа што има скоро на неколку дена апдејти, се подобруваат драјверите и другите апликации, како и што се подобрува компатибилноста со старите апликации.
    Таа назнака се кажува за да имаш информација како што треба, ете затоа и добро си ја разбрал и си пишал тука. Нема никаков проблем со софтверот на телефонот, нема кај никој што го користи. Евентуално за некого се зезанција кинеските пораки (ако ги има) и некои кинески обајснувања. VIber како апликација е секогаш специфична, и ете, најновата верзија после сите тестирања не работи на таа верзија на 7.1.1. што ја има Mi 6, од причини познати само на Viber. Затоа се пре-инстлаира верзија која си работи без проблем, чисто затоа што корисниците тука неможат да живеат без неа :)
    Инаку, ако се отклучи Bootloader, тогаш ќе може да се стави ЕУ верзија за него, која нема ништо кинеско, оптимизирана е, и таа е што се објавува тука секоја недела или како стабилна.
    Препораката да се отклучи и да се стави ЕУ верзија е за сите корисници, затоа што е најдобрата верзија на MIUI од кога постои MIUI.
    Инаку, ако се си работи, не чепкај ништо без потреба, мој совет личен.
     
    #2
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pesovski

    Pesovski New Member

    Член од:
    8 јун 2017
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    2
    Телефон:
    Xiaomi Mi5
    Здраво, пак јас. Поминаа 3 месеци откако погоре прашав за отклучување, меѓутоа не бев во можност да се посветам на ова. Уште тогаш аплицирав за тој код и ми стигна, меѓутоа дури вчера се вратив во МК и дури сега можам да го однесам за преинсталација. Дали кодов е уште важечки или има период на истекување? Дали е и ова кодот уствари што ми треба? Исто, сега во Хај треба да појдам со кодов и телефонот и да го почекам истиот ден да си го земам така? Претпоставувам дека треба да направам комплет бекап бидејќи ќе изгубам се од телефонот.

    received_1343720145737631.png
     
    #3
  4. Pesovski

    Pesovski New Member

    Член од:
    8 јун 2017
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    2
    Телефон:
    Xiaomi Mi5
    Админ, ping за погорниов пост :)
     
    #4

Сподели преку: